Лекарка ќе одговара за смртта на 11 годишното момче од Охрид, кое беше сместено во Демир Капија

Лекарка ќе одговара за смртта на 11 годишното момче од Охрид, кое беше сместено во Демир Капија, со церебрална парализа и почина пред две години. 

Обвинетата, како лекар-специјалист по општа медицина, била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во Јавната установа Специјалистички завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

Таму, во периодот од 01.10 до 05.10.2020 година, укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа. Меѓутоа, спротивно на Договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 05.10.2020 година настапила смрт, информираат од ЈОРМ. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани