Нашиот oхриѓанец Дејан Лескароски после осумнаесет годишна фудбалска кариера веќе три години е помошен тренер во фудбалскиот клуб Трим Љум кој веќе втора година по ред е првак во Првата Македонска фудбалска лига.
Како фудбалер има настапувано во многу Македонски клубови и во клубови во соседна Албанија.
Не секој има среќа после завршување на кариера веднаш да заплови во тренерски води и тоа е она кое најмногу му помогна да ја преброди кризата која ја доживува секој фудбалер кога ја завршува кариерата.
Во Трим Љум успешно три години е во стрuчниот штаб со кој втора година по ред го крева пехарот. Тоа што не успеал да го доживее како играч го дожививува сега и тоа два пати за ред. За клубот Струга Трим Љум кој е атракција во Македонската лига кажува со емоции зашто почнуваќи од газди до директор, до стручен штаб, играчи, лекарски тим се функционира како едно семејство и тоа е она кое оваа екипа ја прави посебна.
Второ лето по ред ќе имаат квалификации за излез во Eвропа што дополнително дава потик на тимот за нови победи и успеси.Овој тим пишува историја која долго ќе се памети во фудбалската лига. За Фудбалот во Македонија како најголем проблем е инфраструктурата која кога би се подобрила тогаш и фудбалот би бил скалило погоре. Кога го прашавме за фудбалот во Охрид тогаш се задржавме на ФК Охрид за кој жали што се уште не се натпреварува во првата лига со надеж дека следнава сезона ќе биде поуспешен па покрај ФK Воска од Охрид и ФK Охрид да го гледаме во елитата, Охриѓани и навивачката група Рибари тоа го заслужуваат. Клучот за неговиот успех го чува во семејството, а неговата сопруга со која е четиринаесет години во брак е најзаслужна за тоа. Покрај сите искушенија кои им ги сервирал животот Дејан истакнува дека со вера, љубов и надеж се е возможно. Задоволен и благодарен е на Бога за тоа што е денес и во иднина се надева на уште поголеми успеси. За да бидеш усшешен фудбалер, а потоа и тренер треба да веруваш во себе и кога е најтешко зашто во тешките моменти се гледаат победниците.