Летна школа за безбедност во Охрид

Во Охрид ќе се одржи ЛЕТНАТА ШКОЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ 2018 година. Тема на школата ќе биде  „Миграција, идентитет и новата безбедносна агенда во Европа”.

 

Факултетот за безбедност Скопје и Центарот за истражување и креирање политики со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер„ и Вилфред Мартенс центарот за европски студии распишува Повик за учество на студенти од Факултетот за безбедност-Скопје и др. на Регионална летна школа за безбедност на која професори и студенти ќе партиципираат од Република Македонија, Република Бугарија, Република Грција и Република Србија.

Целна група:
Студенти на прв и втор циклус студии на Факултетот за безбедност-Скопје и други високо образовни институции во државата.

Период и локација:
Регионалната Летната школа ќе се одржи во периодот 05-07 Јуни 2018 година, во хотел Белви, Охрид.

Работни јазици:
Задолжително познавање на англискиот јазик.

Тематски области:
– Управување со движења на бегалци и ефикасна гранична контрола и значењето на соработката и размената помеѓу властите на соседните земји;
– Политичката стабилност на секоја земја во регионот како предуслов за поефикасно управување со кризи и повеќе успешно справување со заедничките безбедносни предизвици;
-Европа и нејзините народи: Политички и културни идентитети;
-Промена на агендата за безбедност во Европа;
-Миграцијата и врските помеѓу општествената и социеталната безбедност;
-Динамиката на интеграција наспроти фрагментацијата во Југисточна Европа;
-Идентитетот и развојот на политичките институции во Европа;
-Нација, национализам и етничко потекло;
-Приоритети во надворешната и безбедносна политика на Европската Унија за Западен Балкан;
-Предизвици, трендови и можности пред безбедноста и интернационализацијата;

Начин на пријавување и селекција на учесниците:
-Сите заинтересирани студенти можат да се пријават со доставување на Биографија и писмо за мотивација (не подолго од една страна) на следната емаил адреса: school@fb.uklo.edu.mk

Рокот за доставување на апликации е 25 Април 2018 година.
По доставување на пријавите ќе се изврши селекција на пријавените студенти врз основа на следниве критериуми:
-Да се студенти на прв и втор циклус студии на Факултетот за безбедност-Скопје и други високо образовни институции во државата;
– Да се во можност да учествуваат за целото времетраење на школата;
-Да покажат интерес за темите и лична мотивација (преку писмо на мотивација);
– Да имаат основно познавање на англискиот јазик;
-При процесот на селекција може да се земе предвид и просечниот успех на студентот;

Трошоци:
Трошоците за транспорт, сместување и храна за учесниците, како и трошоците за работни материјали ги сносат Покровителите на школата.

Лице за контакт и носител на проектот од Факултетот за безбедност-Скопје:
доц. д-р Марјан Ѓуровски, Продекан за наука и развој и Раководител на Зимската и летната школа за безбедност на Факултетот за безбедност-Скопје, емаил: mar.gjurovski@gmail.com.

Задачи на проектот:
Проектот ќе понуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот: Македонија, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија и Црна Гора.

Генерална тема:
Миграцијата може да биде закана за безбедноста на земјите-приматели, иако не е директна закана за истите. Капацитетот што општествените, економските и административните институции ги имаат за интегрирање на голем број имигранти и отпорот на дел од имигрантските заедници кон асимилацијата влијаат врз стабилноста на општеството, а оттаму и врз капацитетите за владеење на некои од владите на државите-приматели. Со текот на времето тоа може да влијае врз легитимноста на нивните уредувања. Тие предизвици може да бидат особено големи при долготрајни економски проблеми, неефикасна влада, длабока политичка полазирација и брзи општествени промени. Поретки се воените безбедносни проблеми, но како последица на миграцијата се: а)иредентистичките активности на мигрантите, б)конфликти донесени од мигрантите, а кои водат до насилство во земјата в)терористички активности и г)обидот за редуцирање на приливот на мигранти и бегалци преку превентивни интервенции во земјите испраќачи.
Предноста на социеталната безбедност како аналитичка алатка е што може да даде сеопфатен увид во безбедноснитите проблеми, идентификување на слабостите во политиките за интеграција и проширување на теоријата и концептот за безбедноста.

Цели на школите:
Во исто време ќе бидат организирани работилници и панел дискусии со кои ќе се овозможи идентификација на тесните грла во соработката, координација и спроведување на државните политики за миграција и безбедност, како и миграционата политика и безбедност на Европската унија.
Школата има за цел да се дефинираат можните решенија и политика, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и ЕУ политики за миграција и безбедност.
Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите ќе излезат во јавноста и ќе бидат презентирани во конечен производ на знаења кои ќе бидат споделени преку конкретна публикација (збирка на материјали кои ќе се користат во иднина на Универзитетите во рамки на нивните студиски и предметни програми) и ќе имаме реалните резултати од проектот.

Концепт на проектот:
Во школата како учесници ќе бидат вклучени студенти од Универзитети од Република Македонија и од регионот, а како предавачи професори од Факултетот за безбедност-Скопје, од Република Македонија, регионот и од Европската унија.
Проектот ќе понуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот опфатени со миграциската криза, воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка, координација и спроведување на безбедносна политика и стратешките насоки за миграцијата, како и безбедносната политика на Европската унија и политиката за мигранти.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани