Левица со реакција за превработеноста во охридската болница

Левица со реакција за превработеноста на немедицински персонал во охридската болница.

 

-„Состојбата во охридското јавно здравство веќе е алармантна, но освен Левица, ниту една друга партија не реагира. Разбирливо е зошто молчат СДСМ Охрид, ВМРО-ДПМНЕ Охрид и ДУИ Охрид. Вината и одговорноста за ваквата состојба во охридската болница е целосно нивна, како партии кои три децении со нивните погубни политики го доведоа во колапс јавното здравство.

Според изјавата на директорот на болницата Горан Балески од 520 вработени само 70 се лекари специјалисти.Тоа се должи на децениско работење без стратегија на сите досегашни директори на болницата.

Секој директор бил должен да направи стратегија за подобра медицинска и здравствена услуга за граѓаните. Во болницата не постоела стратегија за специјализанти. Специјализацијата требало да се планира за секој лекар кој оди во пензија, за да може да биде заменет со веќе завршен специјализант.

Освен досегашните директори, одговорност имаат и Министерството за здравство, како и сите досегашни министри за здравство. Повеќе од очигледно е дека болницата, како и сите други државни институции и ЈП во Охрид служеле за вработување на непотребни и нефункционални партиски војници од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ со што и двете партии ја создаваа својата потенцијална гласачка машинерија и со тоа наместо партии со идеологија се претворија во агенции за вработување, а се со цел поединци од овие партии да ја заграбат власта за остварување на своите лични интереси.

Господо од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Охрид еве го резултатот од Вашите партиски вработувања – децата во Охрид се оставени без здравствена заштита, а за жал набрзо ќе следува тотален колапс во охридската болница. Погледнете надвор од рамките и перцепирајте дека не се сите Ваши членови олигарси – како некои Ваши функционери за да можат да се лекуваат во приватните клиники, каде треба да депонираат 20 – 30 илјади евра.

За апсурдот да биде уште поголем, во болницата веќе две години работат неколку млади лекари, кои Министерството за здравство и министерот Сали Беким, ниту ги вработува, ниту им одобрува стипендија за специјализација. Затоа крајно лицемерно е да зборувате за стратегија за враќање на младите кои заминаа во странство, а не сакате да ги задржите ни овие млади кои сакаат да живеат за да работат и да допринесат со своите можности и квалификации за доброто на охриѓани и Охрид, стои во реакцијата на Левица ЛО Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани