Согласно Одлуката за усвојување на измените на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2018 год.на Општина Охрид бр.08-10563/31 од 27.07.2018г, Општина Охрид објавува :
ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ВО СОРАБОТКА СО ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ТЕМА
„ ЕСЕНТА ТОПЛА И ЗЛАТНА НАСЛИКА ВО ПРИРОДАТА НАЈУБАВИ ПЛАТНА“
Предмет и цел на конкурсот :
Човештвото се соочува со намалување на зелените површини целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „ЕСЕНТА ТОПЛА И ЗЛАТНА НАСЛИКА ВО ПРИРОДАТА НАЈУБАВИ ПЛАТНА“
Право на учество
Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.
Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.
Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс„ ЕСЕНТА ТОПЛА И ЗЛАТНА НАСЛИКА ВО ПРИРОДАТА НАЈУБАВИ ПЛАТНА“
Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс.
Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел , предмети и украси од пластика и хартија …..)
Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра .
Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси.
Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние трудови кои ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите наведени во конкурсот.
Секое дете на овој конкурс треба да учествува со својот наставник- ментор.
Секое дете има право да учествува со по еден труд ( ликовен или литературен).
Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена .
Жири комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици.Жири комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 10 дена од последниот рок за предавање на трудовите.
За резултатите наградените ученици и училишта ќе бидат писмено известени од страна на жири комисијата , а истите ќе бидат објавени на њеб страната на Општина Охрид – www.ohrid.gov.mk
