На 12 август во Домот на културата во Вевчани,во рамките на ВЕВКУЛ 2017 е отворена ликовна изложба на академскиот сликар М-р Владо Мукоски од Вевчани а живее и работи во Скопје.
На изложбата за отворањето на сликарот зборуваше М-р Ангелина Спировска,академски сликар,и публицистот,писателот Мишо Китаноски.
Тие оценија дека последователна фаза од своето сликарство Мукоски прави исчекор и неговиот сликовен ракопис е исполнет со такви елементи кои на сликите им даваат заокружена смисла и порака,неговите површини се исполнети со толку многу нијанси од бои.
Исто така значајно е да се истакне за сликите на Мукоски,дека неговите линии строго дефинирани што претставува вистинско откривање и значајен дострел во неговото кубистичко гледање на светот и оклу себе истакна Спировска,која ја прогласи изложбата за отворена.
Текст и фото:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ