Маја Мојсоска избрана за претседателка на УЖ ВМРО ДПМНЕ Струга.
На седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за нова претседателка на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга е избрана Маја Мојсоска.– Маја Мојсоска е родена на 26.10.1978 година во Струга. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и веќе 20 години работи во образование како наставник по македонски јазик. Активен член на партијата е од 2005 година. Покрај повеќето активности, од 2018 година е претседател на Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга, информираат од партијата.