Се чистеше коритото на река Сушица

Се чистеше коритото на река Сушица.

Согласно Програмата на ЈП,,Охридски Комуналец” Охрид за вонредни активности во делот на чистење на реки и речни корита, денес се изврши чистење на речното корито на реката Сушица,во делот на улица,,Прилепска” каде што од страна на јавното претпријатие е поставена заштитна преграда со цел превенирање и стопирање на комунален и пластичен отпад да заврши во Охридското Езеро.Ангажирана беше специјална механизација при што беа подигнати поголеми количини на тешко разградлив отпад и пластична амбалажа и истиот беше депониран на депонијата Буково, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. 

Можно е да е слика од пат

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани