Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози,а во западнитот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Оваа фотографија е доцна синоќа на превојот „Ѓавато“, каде неколку камиони од Македонија пат навремено го расчистуваа снегот.
Снег со слаб интензитет префрла кај Крива Паланка,Страцин и Делчево.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.