Центарот на заедницата на Општина Струга во соработка со Општина Струга организира граѓански буџетски форум.
-„Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и зголемување на транспарентноста на општината“, велат од Центаот на заедницата на општина Струга.
Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат и да дискутираат за планираните програми и проекти од буџетот за 2018 година на Општина Струга.
Граѓанските форуми во општина Струга ги имплементира Центарот на заедницата на општина Струга со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамки на институционалниот грант кој што Центарот на заедницата на општина Струга го има добиено за 2017 година.
Форумот ќе се одржи на 20.12.2017 година (среда) со почеток во 11.00 часот во хотел „Дрим“ Струга .
