Остануваат зададените рокови и динамика, до крајот на следната година автопатот Охрид – Кичево ќе биде готов, најави вицепремиерот Александар Николоски
Секојдневно се решаваат проблемите од лошо проектираното автопатско поврзување чија траса, минувала низ градби од А категорија, од заштитено подрачје на аеродромот во Охрид, преку бензински пумпи, болници, хотели, објекти што не може да бидат подложни на експропријација. Според Николоски изнајдено е законско решение што е во процедура на донесување, Дополнително се решаваат и свлечиштата.
-Третиот проблем е со свлечиштата во моментов работиме. Јас поканив експерти од странство и не ми е срам да го кажам тоа затоа што да знаеле домашнитеда ја завршат работата ќе ја завршелеработат кога ке имаме решенија исто така ќе ги презентираме во јавност , истакна министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
За делницата од Подмолје до Струга , има стриктни забрани од страна на УНЕСКО, за градење во заштитениот дел на Охридското Езеро,.
– Нема да одиме спротивно препораките на УНЕСКО, статусот на Регионот е мошне значаен така што ќе се приспособиме на нивните барања. Дали тоа ќе биде поместување на трасата посеверно, целосно нова траса или отсечка од Подмоље до Струга како сврзница на автопатот, тоа ќе дискутираме.– рече Николоски.
Во однос на конечната цена на изградбата на автопатот Охрид – Кичево, Николоски рече дека се прави се да не се излезе од последната проектирана рамка.
Новинар Соња Рилковска
