Пронајдено оружје кај жител на Требеништа.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(30) од селото Требеништа, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик, по што му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа автоматска пушка, пиштол, ловечка пушка и повеќе куршуми со различен калибар, информираат од СВР Охрид.
