Шеснаесетгодишна девојка од Охрид била физички нападната од нејзиното поранешно момче, информираат од СВР Охрид.
Според полициското соопштение, на 22 мај 2026 година во 15:00 часот во СВР Охрид, Р.И. (38) од Охрид пријавила дека претходниот ден, на 21 мај околу 12:00 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, нејзината 16-годишна ќерка била физички нападната од Е.К. од Ресен, кој престојува во Охрид.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
