Две лица од охридско се приведени откако физички нападнале три лица пред угостителски објект во Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 23 мај 2026 година во 01:50 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода Н.Б. (36) од селото Велгошти и С.Б. (28) од селото Косел, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01:00 часот пред угостителски објект во Охрид физички ги нападнале С.М. (23) од селото Лескоец, како и П.С. (21) и М.С. (22), двајцата од Охрид.
Според информациите од полицијата, при нападот биле употребени тврди и остри предмети.
Од СВР Охрид соопштуваат дека по целосното документирање на настанот против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава.
