Посебен сообраќаен режим во Охрид во вторник поради посетата на хрватскиот премиер

Од надлежните служби информираат дека во вторник, 26 мај 2026 година, во Охрид ќе биде воведен посебен режим на сообраќај поради престојот на премиерот на Хрватска во градот.

Според известувањето, привремени измени во сообраќајот ќе бидат спроведени во централното градско подрачје, односно на булеварите „Туристичка“ и „Св. Наум Охридски“, како и во делови од Стариот град.

Од институциите апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, насоките на полициските службеници и измените на режимот на движење со цел непречено и безбедно одвивање на посетата.

Повеќе информации за евентуалните временски ограничувања и затворања на сообраќајниците се очекуваат во текот на денот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани