Малолетничка пријавила насилство во училиште, ѝ била сечена косата со остар предмет

На 20.04.2026 во 22:30 часот во СВР Охрид, 27-годишна жена од охридско село пријавила дека нејзината малолетна ќерка подолг период била психички и физички вознемирувана од нејзини соученици во основно училиште во селото.

Според пријавата, за случајот биле известени класниот раководител, психологот и директорката на училиштето, но вознемирувањето продолжило.

Кулминацијата се случила истиот ден, кога во училиштето едно од децата со остар предмет ѝ отсекло прамен од косата, а на враќање од училиште, друга соученичка повторно ѝ ја сечела косата, исто така со остар предмет.

Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани