Малолетници зад волан, одземени две возила

Во одвоени контроли спроведени во Охрид и Струга, полицијата затекнала малолетници како управуваат возила без да имаат стекнато право за управување.

На 01.03.2026 во 23:40 часот, на пресекот на улиците „Сатеска“ и „Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од сообраќај исклучиле патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, откако било утврдено дека зад воланот се наоѓа малолетник кој нема положено возачки испит и нема стекнато право за управување моторно возило. Во присуство на родител, возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Неколку часа подоцна, на 02.03.2026 во 01:15 часот, при контрола во струшката населба „Тефериќ“, полициски службеници од ОВР Струга од сообраќај исклучиле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки. И во овој случај било констатирано дека возилото го управува малолетник без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител, со малолетникот бил извршен службен разговор, возилото е одземено, а по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Од полицијата апелираат до родителите на поголема одговорност и контрола, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани