Во полициското одделение во струшкото село Велешта на 11 јуни 2026 година во 04:06 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир за време на прослава во куќа во Вевчани.
Според информациите од полицијата, дошло до вербална расправија и викање помеѓу неколку малолетни лица, при што еден од нив со стаклен предмет удрил негов соученик.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што против инволвираните ќе биде поднесен соодветен поднесок.
