СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ѓ. (43) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Според информациите од полицијата, пријавениот на катастарска парцела во државна сопственост во селото Трпејца неовластено изградил индивидуална семејна куќа без одобрение за градење издадено од надлежен орган.
Со ваквите дејствија, како што информираат од СВР Охрид, пријавениот незаконски користел државно земјиште и извршил градба спротивно на законските прописи, поради што против него е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
