ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“.
Според информациите од полицијата, на 14 февруари 2026 година околу 18 часот во Струга, пријавениот со нож нападнал 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница.
Повредената била пренесена во Општата болница во Струга, каде ѝ биле констатирани телесни повреди.
Напаѓачот е лишен од слобода, а по извршеното алкотестирање кај него биле утврдени 1,82 промили алкохол во крвта.
