Показни вежби – учениците ќе учат како да реагираат при непогоди

Црвен крст Охрид и во текот на оваа година продолжува со превентивните активности за делување во случај на елементарни непогоди и несреќи, со практично увежбување на оперативните планови за заштита и спасување, како и плановите за евакуација во основните училишта.

Во координација и со поддршка на СВР Охрид, Територијалната противпожарна единица Охрид, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Црвен крст Охрид, во вторник, 17 февруари 2026 година, во ООУ „Св. Наум Охридски“ во село Пештани, како и во четврток, 19 февруари 2026 година, во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид, ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување.

Вежбите ќе се спроведат според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за навремено и ефикасно делување во случај на несреќи. Во активностите ќе учествуваат тимови од надлежните институции кои практично ќе ја демонстрираат постапката за евакуација и спасување.

Целта е учениците и наставниот кадар да бидат запознаени со процедурите и да стекнат практично искуство за правилно постапување во кризна состојба.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани