Маж се обидел да силува кандидатка за советничка за општина Дебарца.
Синоќа во изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ во село Требеништа, Филип П.М. се обидел да силува 30 годишна своја сопартијка. Таа била кандидат за советник од партијата.Случајот кандидатката за советник го пријавила, синоќа во 20.40 во охридската полиција.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потврди дека синоќа оштетената го пријавила случајот и дека можниот сторител бил повикан на разговор по што, извесно е дека, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.