Управата за хидрометеоролошки работи и ЕЛЕМ со различни параметри за нивото на Охридското езеро.
Имено, според Елем нивото на Охридското езеро е на 12 сантиметри до минималната дозволена кота, или на 5 см до нултата точка. Доделка според УХМР нивото на езерото денес е на 693,19 метри надморска височина или 9 сантиметри над дозволениот минимум, кој изнесува 693,10 сантиметри.
Разликата во официјалните измерени податоци во двете институции е 3 сантиметри.
-„Од страна на УХМР нивото на Охридското Езеро се следи на Хидролошката Станица (Водомерната станица) во Охрид, на кејот во близина на пристаништето. Денеска на водомерната летва од страна на набљудувачот се измерени 693,19мнм“, информираат од УХМР.
Мерењето, пак , што официјално го врши подружницата на АД ЕЛЕМ, ХЕС Црн Дрим, на мерното место во близина на истекот на Охридско Езеро во реката Црн Дрим, кај градското пливалиште во Струга покажуваат поинакви бројки.
-„Двете хидроелектрани на АД ЕЛЕМ по течението на Црн Дрим работат само на минималниот доток на вода во реката и не се испуштаат дополнителни количини вода за производство на електрична енергија. Во Црн Дрим се испуштаат само 3,5 кубни метри во секунда, односно природниот истек со пречник од 25 метри е сведен на отвор од 2,5 метри, истек што задолжително мора да се обезбеди за одржување на биодиверзитетот во реката Црн Дрим“, истакнуваат од ЕЛЕМ.
Од ЕЛЕМ напоменуваат дека нивото на Охридското езеро приридно осцилира во текот на годината, без разлика дали низводно по Црн Дрим се произведува електрична енергија или не.
Останува апелот на еколозите , Охридското езеро да не се користи како акумулација, бидејки може да има непоправливи штети врз живиот свет во него.