Општина Охрид одобри еднократна финансиска поддршка за 11 деца во згрижувачки семејства

Еднократна финансиска поддршка ќе добијат 11 деца згрижени во згрижувачки семејства на територијата на Општина Охрид.

Одлуката е донесена по завршувањето на јавниот повик објавен во август, а Комисијата по разгледувањето на пријавите доставила предлог до градоначалникот за исплата на средствата.

Согласно јавниот повик, финансиската поддршка изнесува 10.000 денари по згрижено дете, што за 11-те деца претставува вкупно 110.000 денари. Средствата се наменети за поддршка на децата кои се згрижени во семејства што обезбедуваат основна заштита и 24-часовна грижа.

Јавниот повик траел 20 дена од денот на објавувањето, по што Комисијата ги разгледала пристигнатите пријави и ја утврдила листата на корисници. Решението на Општина Охрид е донесено на 17 септември 2026 година.

Средствата се обезбедени од Програмата за социјална и здравствена заштита на Општина Охрид за 2026 година.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани