Спортска донација за учениците во Дебрца, најавена и нова фитнес-сала

Учениците од ООУ „Дебрца“ добија донација од спортски реквизити – топки за кошарка, фудбал и одбојка, обезбедени преку иницијатива на почесниот конзул на Република Србија во Северна Македонија, Михајло Филев.

Донацијата денеска беше предадена во Општина Дебрца, во присуство на градоначалникот Златко Силјаноски, директорката на училиштето Елена Ристоска и нејзиниот тим, како и професорот Горан Цветковиќ.

Филев најави продлабочување на соработката меѓу Дебрца и општини од руралните средини во Србија. Според него, во најскоро време се планира збратимување со повеќе српски рурални општини, со цел унапредување на меѓусебната соработка и искористување на потенцијалите во руралниот туризам, земјоделството и сточарството.

Најавена е и изградба на фитнес-сала во Дебрца, која би била наменета за спортските потреби на жителите.

Филев посочува дека ваквите иницијативи имаат цел да придонесат за подобри услови за спорт и активности на младите, но и за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани