Мерко: Немав избор при назначувањето на директори

Во струшкиот суд денес завршни зборови за случајот со незакоснко назначување на директори во струшките училишта. Градоначалникот Мерко, кој е обвинет,  давајќи исказ  рече немал избор, во услови на недостиг на кадар  морал да назначува директори за непречно да тече образовниот процес.

Тој побара вд директорката на ОУ во Велешта Егзона Шеи  да биде ослободена од обвинение, бидејки како апсолвент сакала само да помогне да не останат децата без образование.

-Една година како градоначалник доаѓам во суд за назначување на вд директори, јас одговорно тврдам дека немаше друг избор. Ќе немаше настава во сите 12 основни и 25 периферни училишта ниту плата, не сум дозволил ниту еден час да изостане а учениците непречнод а следат настава, рече Мерко.

Одбраната тврди не се докажала вина и нема оштетена институција, обвинителството  побара казна затвор.

Тој во континуитет го вршел истото кривично дело, тоа е продолжено кривично дело во сите школи. Иако, свесен  бил дека можел да се избира од присутните од  вработените во основните училищта да биде вд  директор, а не тие што не ги испомнувале  условите. Ефективна, казна  затвор ., изјави Џемал Лога обвинител.

– Значи, со оглед денес беа последните случаи кои ќе се оставени со школите, двете се очекува да завршат денес и да имаме одлука за кратко време.  Па, имаше точно и многу барање и многу докази, јас се потрудив колку што можам да се движам во рамките на законот, да го прифатам само оно што ми е потребно и да ми биде доволно да донесам содветнна пресуда, вели судијата Јован Јорданов.

Во понеделник на 13 октомври ќе бидат донесени пресуди за незакоснкото назначување на директори во ОУ во Велешта и „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани