Во еден ден два случаи на семејно насилство.
На 05.10.2025 во 22:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека Ф.А од Охрид во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 33 – годишна сопруга, а упатувал закани и кон останатите членови на семејството. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветна пријава, инфомираат од СВР Охрид.
Во друг случај истиот ден на улица „Радојица Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Т.(32) од Република Турција, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја напаѓал неговата 31 – годишна сопруга од Охрид и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 130 од Кривичниот законик „телесна повреда“, стои во билтенот на СВР Охрид.
