Охрид заслужува да биде град каде младите креираат, творат и се забавуваат. Затоа, во следниот мандат, наш приоритетен проект е изградбата на Модерен Младински културен центар (МКЦ) во рамки на поранешната касарна, ветува актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Охрид Кирил Пецаков.
-Локацијата не е случајно избрана, го трансформираме просторот на поранешната касарна во вистински центар на креативноста и културата. На едно место се спојуваат сите организации и иницијативи, создавајќи жива и инспиративна заедница.
МКЦ не е само зграда. Таа е место каде ќе има простории за сите што сакаат да свират , изложбен салон за младите уметници, простор за работилници, настани и забава.Го градиме Охрид за младите, го градиме Охрид за сите, вели Пецаков.
