Прес конференција на кандидатката за советник Ивана Маховска Шикалеска.
-Како наставничка знам дека учителот е темелот на секој воспитно-образовен процес. Како кандидат за советник убедена сум дека просветните работници во Охрид како резултат на нивната посветеност може и мора да добиваат повеќе тековна соодветна поддршка и признание што би било вистинска мотивација и поттик за нивното работење. Угледот на просветните работници не смее и нема да се врзува со деградација на нивниот личен труд и интегритет.
Токму затоа, програмата на нашиот кандидат за градоначалник Асен Шајн носи реални решенија и визија за современо и инклузивно образование. Во првите три месеци од мандатот, со специјално формиран тим ќе се направи детална проценка на состојбата во училиштата, а потоа ќе следуваат конкретни мерки, како на пример:
– 24-часовно физичко обезбедување во училиштата.
– Бесплатен оброк за учениците од ранливи категории.
– Ваучери за секое ново прваче за купување прибор во охридските книжарници.
– Сензорни соби, рампи и пристапни влезови за учениците со посебни потреби.
– Општински клуб за поддршка на талентирани ученици.
– Мали гимнастички сали, ново осветлување, топлотни пумпи и реновирани фасади.
Советниците од СДСМ ќе се залагаат за афирмација на наставничката професија, за јавно признавање и вреднување на трудот на секој учител. Но, неминовно е овде да ги споменам и сите вработени во училиштата, од педагошко – психолошка, до административна служба и технички персонал. Нашата цел е општината да биде вистински партнер на училиштата.
Во Охрид, во нашот дом, нашите деца заслужуваат чисти и безбедни училишни средини и мотивирани и афимирани наставници, рече Ивана Маховска Шикалеска на прес конференција кандидат за советник на град Охрид.
