Здружението на хотелиери ХОТАМ бара намалување на ДДВто на храната и пијалоците од 18 на 5%.
Нелојалната конкуренција, туристички агенции на црно, хаосот во такси превозот се само дел од предизвиците кои здружението на хотелиери денес ги образложи пред министерот за економија.
Туроистичките работници ги повикаа надлежните да преземат ерки против човек агенции , кои на клучни јавни места нудат екскурзии под сомнителни услови. И го нарушуваат имиџот на земјава.
-Тие екскурзии се даваат на нападен начин на странските турсити од кои веќе имаме реакции и би побарале координативна акција на инспекциските служби, но и активна вклученост на МВР во спречување на овие девијаннти појави, вели Асим Меџедовиќ член на ХОТАМ.
Хотелиерите побараа воведување ред во такси превозот и на вода и на копно. Униформирани таксисти и кајчари со име и презиме но и цена на услугите. Тие бараат и нова бродска линија Охрид Струга.
– Подобрување во насока на инфраструктура, краткорочно работење, отварање броски линии во езерата низ Македонија со кои би се допринело полесен транспорт. Имавме еден пример дека во еден од колегите во 1960 и некоја дека патувал на работа со брод од Охрид до Струга, таа бродска линија не постои, тоа наше барање е дадено од одамна, вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
Министерот за економија рече дека владата сериозно ќе ги разгледа предлозите на хотелиерите и ќе се завземе за решавање на проблемите.
– Како Влада и Министерство за економија ќе ги разгледме сите нивни предлози. Ќе разговараме интерминистерски и со локалната самоуправа за овие предлози да ги спроведеме и со тоа да направиме подобра клима за туристите во регионот на Струга и Охрид но и на теритоија на цела Македонија., рече Крешник Бектеши министер за економија.
Целта на сите барања на хотелиерите е подобрување на бизнис климата во туристичкиот сектор.
Новинар Соња Рилковска