Во рамки на работната посета на Охрид, Министерот за Локална Самоуправа Сухејл Фазлиу и градоначалникот Јован Стојаноски беа на увид на патеката која од Саат кулата води до старата училишна зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“.
Министерството за Локална Самоуправа за овој проект издвои четири милиони денари, а со свои средства учествуваше и општина Охрид.
Поплочените патеките се со должина од 250 и 275 метри квадратни
Изведувач на градежните активности беше фирмата „Тане 2007“ од Охрид.





Воедно Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, заедно со директорот на Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југозападниот плански регион денес имаше работна средба со градоначалниците на општините Охрид и Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески.

На средбата, што се одржа во кабинетот на градоначалникот Стојаноски, се разговараше за развојните можности и приоритети на единиците на локална самоуправа во контекст на процесите на децентрализација и регионален развој.Заеднички беше констатирано дека локалните самоуправи од регионот, со поддршка на централната власт, треба да ги интензивираат активностите за привлекување инвеститори во технолошко- индустриската развојна зона што се наоѓа меѓу Охрид и Струга, да аплицираат за трансграничните проекти и проекти за конкурентност во туризмот.

