Мобилните тимови неуморни херои во корона кризата

Волонтерите на општина Охрид и Црвениот крст, неуморно два  месеци  на терен.

 

Во ова време невреме, со корона кризата несебично помагаат на најранливите категории. Општина Охрид , заедно со Црвен крст повторно ја покажаа својата хуманост, но и грижа за своите граѓани. Осум тимови на Црвениот крст рамо до рамо со двата тимови на општина Охрид  беспрекорнио  секојдневно на терен. 

-„Ја покажавме солидарноста и грижата за  сите оние кои треба да седат дома. Оперативци неуморни кои секојдневно се на терен со посебна заштита носат пакети со најпотребни  прехрамбени производи и средства за хигиена кои се доставуваат онаму каде е најпотребно а тоа се најранливите социјално загрозените лица“, велат од општинскиот кризен штаб.

Од 15 март започнаа со работи мобилните тимови на општина Охрид,  кои за само  еден месец  дистрибуираа преку 800 достави на терен.

 

-„Имајќи ги предвид препораките за заштита и за превенција од корона вирусот Ковид 19, охридскиот Црвен крст во соработка со Општина Охрид, со своите мобилни тимови за поддршка на постари и изнемоштени лица, хронично болни лица, лица со попреченост и самохрани родители на деца на предучилишна возраст,  од 15 март до 15 април изврши 800 достави“, вели Сашо Точков од Црвениот крст од Охрид.

Социјално загрозените  семејства редовно добиваат  хуманитарни пакети со храна средства за хигиена.

Од 16.03.2020, мобилните тимови на Црвен крст Охрид и на Општина Охрид континуирано им пружаат поддршка на постарите и изнемоштените лица, на хронично болните лица, на лицата со попреченост и на самохраните родители од Општина Охрид, како и на лицата сместени во државни карантини во Охрид.

До 27.05.2020, мобилните тимови одговориле на 526 барања за набавка и за достава (на прехранбени продукти, на средства за хигиена и на лекови) и за други видови асистенција на наведените групи граѓани (подигнување рецепти од лекарски ординации и лабораториски извештаи, подмирување сметки за режиски трошоци, транспорт на хронично болни лица до здравствени установи итн.).

Исто така, во овие кризни денови, мобилните тимови на Црвен крст Охрид и Општина Охрид се ангажирани и за дистрибуција на хуманитарни пакети наменти за помош на социјално загрозени граѓани од Општина Охрид.


До 27.05.2020, мобилните тимови доставиле 679 хуманитарни пакети со прехранбени продукти и со средства за хигиена, обезбедени од Црвен крст Охрид, Општина Охрид, општествено одговорни компании и организации и хумани граѓани. Покрај тоа, од 16.04.2020, мобилните тимови ја спроведуваат хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“ за дистрибуција на продукти донирани од познатиот производител на леб и печива до домаќинства на лица во социјален ризик; од почетокот на акцијата до 27.05.2020, мобилните тимови доставиле 664 мали пакети со леб и печива до домаќинства во Охрид и во неговата околина.

Како општествено одговорни се покажаа и охридските функционери на чело со градоначалникот Константин Георгиески. Задржаа за себе по  14 500 ден, а остатокот од платата ја донираа во Фондот за помош на погодените од пандемијата. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани