Од синоќа монашкото братство во Бигорски е побогато за уште еден монах. Под името Антонија синоќа со сите срковни и верски обичаи беше замонашен новиот монах.
На манастирска слава – празникот Усекновение на чесната глава на Св. Јован Крстител, во навечерието на празникот, на 10 септември (недела), беше отслужена архијерејска Вечерна богослужба, со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, на која еден член од Бигорското братство беше причислен во рамноангелниот монашки ред, добивајќи го името Антониј. Огромното присуство на илјадниците верници беше проследено со огромна радост, зашто ова вековно духовно светилиште постојано силно сведочи за подвизите на Св. Јован Крстител.
Станувајќи верен на монашкиот завет Антониј вели без Бога сме никој.
-Денеска имаме голем број верници кои што се воцрквуваат токму во Бигорскиот манастир тоа е голем труд на старецот и тој секогаш не советува дека тоа треба да го чуваме и негуваме и дека секогаш треба да се молиме за народот затоа што без Бога незнам како би опстанале, вели новит монах Антониј.
“Нашата Света Обител, која и самата е едно силно и лично сведоштво за делото на Св. Јован, денес многу се радува, бидејќи во навечерието на празникот, Претечата и Крстител Господов на ангелска служба повикa уште еден член на Бигорското братство, кој се присоедини во монашките редови и стана земен ангел и небесен човек, добивајќи го името Антониј”, вели сестра Ефимија.
– Ова е најголемата слава на Бигорскиот манастир кој отсекогаш на овој ден од неговото основање собирал многу народ. И денес сме сведоци дека доаѓа народ од сите страни на нашата татковина и исто така тоа сведочо дека овој манастир ја продолжува својата мисија ова духовно светилишт е да биде дом не смао за лугето од овој крај туку и за пошироките краишта на нашата татковина , вели Антолиј монах од Бигорскиот манастир.