Ирма пустоши: Пет загинати, илјадници евакуирани, милиони без струја

Ураганот Ирма на Флорида загуби малку на сила, но не и на опасност: загинаа најмалку пет  лица, а милиони домаќинства се без струја.

Стотици илјади луѓе се сместени во центри за итни случаи.
Ураганот Ирма ја зафати американската сојузна држава Флорида, предизвикувајќи поплави и големи штети. Колкав е обемот на разурнувањето сѐ уште не е утврдено. Повеќе од 3,4 милиони домаќинства на Флорида останаа без електрична енергија. Според наводи на весникот „Мајами Хералд“ на улиците на Mајами водата достигнала околу еден метар височина. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе отпатува на Флорида најбрзо што е можно за на лице место да создаде слика за обемот на штетите.
Американскиот центар за урагани соопшти дека на маргините на окото на ураганот брзината на ветрот изнесува околу 155 километри на час. Во текот на вчерашниот ден на источниот брег на Флорида за само еден час имало шест торнада, соопшти американската метеоролошка служба.


Според медиумски извештаи, во невремето предизвикано од Ирма животот го загубиле најмалку три лица, и тоа во сообраќајни несреќи.


Ирма вчера попладне беше спуштен од ураган од четврта во ураган од трета, а потоа и од втора категорија, но тој и натаму е многу опасен. Ирма има поголема широчина од Флорида. Ураганот ја повлече водата од западната страна на брегот. Метеоролозите меѓутоа предупредуваат дека водата ќе се врати со еден вид нишање. Луѓето кои се останати во регионот го очекуваат најлошото и поплави со височина на водата до 4,5 метри, пренесува Дојче Веле.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани