Мославац: нема пропусти во проектирањето на Кичево – Охрид

Нема пропусти во проектирањето на автопатот Кичево – Охрид – вели деканот на Градежниот Факултет, Дарко Мославац.

Деканот Мославац тврди дека работата била добро завршена и дека не можело да се предвиди каде ќе се појават подземни води или други проблеми под тлото во ридско – планинско подрачје. Деканот напомена дека не се работи за промашена траса на автопатот, како и тоа дека излегле многу невистини во јавноста околу реализацијата на овој обемен проект.Мославац тврди дека факултетот цело време бил во контакт со надзорот на оваа 57-километарска делница. Објаснува дека главен проблем е сложената структура на теренот на кој се гради автопатот.Преговорите со кинеската компанија „Синохидро“ која меѓу другите го гради и автопатот Кичево – Охрид треба да завршат во најбрз можен рок за да забрза динамиката на изградба следната година – вели министерот Горан Сугарески. Тој со „Синохидро“ ќе преговара за нов рок за завршување на делницата и за утврдување на дополнителните трошоци за изградба. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани