Моторџија излета од патот кај „Градиште“

Тој има тешки повреди,пренесен е во „Св.Еразмо“.

Вчера во 14 часот и 20 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум во близина на авто кампот „Градиште“, случена е сообраќајна незгода во која мопед марка „Хамачи“ со струшки регистарски ознаку, управуван од В.К.(35) од Струга, излетал од коловозната лента и удрил во заштитниот метален еластичен браник.
Притоа, возачот на мопедот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани