Крсто Мукоски од денес во притворското одделение цо Шутка започна штрајк со глад.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ ВЕВЧАНИ од денес од 18:00 до 19:00 часот започнува со изразување на револт преку протестен собир во центарот на Вевчани, во знак на солидарност со сите жртви на овој тоталитарен режим, од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена од СДСМ, како и последните политички хајки кои што ги спроведуваат врз невини граѓани, а се однесуваат на настаните од 27 Април, информираат од партијата.
-Од вчеrа во притворското одделение во Шутка е и нашиот брат, сограѓанин Крсто Мукоски народен пратеник во Собранието на Република Македонија.
Човек родољуб, со големо патриотско срце кој целиот живот го посвети на Вевчани и директно е заслужен за многу проекти кои се реализираа во Вевчани. Несебично помагал на секој кој му се обратил и никогаш не ги двоел луѓето по партиска припадност.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани Ве повикува почитувани членови, симпатизери и слободоумни граѓани да ни се приклучите на протестните собири, а со тоа да му дадеме поддршка на нашиот сограѓанин Крсто Мукоски и на сите бесправно притворени патриоти, стои во соопштението до јавноста.
Околу 200 граѓани на Вевчани се излезени во центарот на Вевчани за изразат револт.