Во една недела шест кражби во дуќани во охридската чаршија

Изминатава недела извршени се шест кражби во продавници во охридската чаршија.

 

На мета на крадците биле деловни субјекти, продавници, аптеки од каде насилно биле одземани пари. 

-„Случени се шест  кражби во деловни субјекти на булеварот „Туристичка“ и она што е исто така значајно во делот на реализација на овие казнени дела е дека  СВР Охрид е во интензивен контакт со сопствениците на објектите. Има одреден круг на можни сторители на тие казнени дела и дека во оптек се апсолутно сите информации со кои шти ние располагаме и ги разменуваме со јавниот обвинител. Значи една целокупна активност е во тек која е насочена кон рпонаоѓање на сторителите на овие казнени дела. Факт е дека во изминативе денови се случија шест кражби и да речам тоа е една ситуација која што е императив повеќе за нас како полиција да ги реализираме истите и мсилам дека сме на добар пат на пронаоѓање на сторителите на тие кражби “, додава Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани