Муниција и дрога во станот на велешанец во Охрид

Велешанец чувал дрога и муниција во станот што привремено го користел во Охрид. Полицијата му извршила претрес, ги пронашла и ги одзела.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Ж. (41) од Велес.

-На 17 февруари оваа година, при претрес во стан на булеварот „Туристичка“ во Охрид, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени се три куршуми калибар 6,35 милиметри од српско производство. По извршени проверки, констатирано е дека П.Ж. не поседува дозвола за поседување и носење на огнено оружје, изјави портпаролот Димоски.
При претресот извршен по наредба од Судија во претходна постапка, полициските службеници пронајдоа една најлонска паковка со бела прашкаста материја како и една пластична чаша со кафеава прашкаста материја. Пронајдените предмети се одземени и се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје. По добиените анализи , против П.Ж. и по овој основ ќе биде поднесена кривична пријава

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани