Пред прагот на новата школска година, првачињата од Дебарца добија училишни прибори и комплети за училишната настава.
Денека во Oпштина Дебрца, познатиот бизнисмен од Перт, Западна Австралија Г-дин Драган Капинков ја предаде донацијата од фондацијата “Капинков”. Г-дин Капинков се погрижи сите првачиња запишани во ОУ,,Дебрца,, да имаат комплет училишен прибор и чанти за новата учебна година. За оваа донација која се реализира веќе традиционално неколку години наназат, Градоначалникот Трајкоски се заблагодари и се надева дека ќе продолжи и во наредните години.