„Нови бои на минатото“-вечерва концерт и изложба

 Дуото „Алиада“ што го сочинуваат двајца „неверојатно талентирани и креативни музичари“, саксофонистот Михал Кнот и хармоникашот Богдан Лакетиќ, вечерва ќе одржи концерт во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

Концертот „Нови бои на минатото“ насловен како и нивниот прв албум, ќе донесе дела од Хендл. Григ, Пендерецки, де Фала, Барток и Пиацола, сите аранжирани за саксофон и хармоника од дуото. Од нивното формирање во 2013 година, дуото веднаш станува впечатливо во светот на класичната музика, што резултира со бројни концерти насекаде низ светот. Во минатата сезона остваруваат повеќе од 80 настапи на пет различни континенти во престижни концертни сали како „Карнеги хол“, „Музикферајн“ во Виена, „Тонхале“ во Цирих, театарот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, Театарот дел Лаго во Чиле и многу други. Нивната кариера започнува со победата на натпреварот „Фиделио“ каде едногласно им е доделена наградата „Гран при“. Нивниот прв албум насловен „Нови бои на минатото“ се здобива со одлични критики, а Дуото Алиада е вклучено во програмата „Новиот австриски звук на музиката 2016-17“ финансирана од австриската влада. Настапите на дуото редовно се емитуваат на австриските радио и телевизиски станици. Концертот на дуото „Алиада“ ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 20 часот и 30 минути.

 

 

Вечерва предвиден е уште еден настан на фестивалот а тоа е изложбата „Роберт Музил и Првата светска војна“.

 

Австриецот Роберт Музил еднаш беше опишан како најзначаен, а воедно и најмалку познат писател на 20-тиот век од германското говорно подрачје. Во август 1914 год. ја презеде неговата воена обврска во Горна Австрија, каде што поминал и дел од неговото детство. Горна Австрија за него била како татковина, но исто така била и порта за радикалните искуства во Првата светска војна. Следејќи ја оваа трага, изложбата објаснува колку многу „катастрофата на Европа“ го формираше делото на Музил.

 

Изложбата првобитно беше продуцирана од литературната куќа „Минхен“, а кустоси беа Рајнхард Витман и Каролина Кин.Потоа беше адаптирана од Адалберт Штифтер Хаус, а кустос беше Александер Веран, и во оваа форма беше презентирана во Линц 2015/2016 год.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани