Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во Охрид заедно со лидерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Кирил Пецаков. Тие извршија увид на зградата на СВР која ќе биде дислоцирана.
-Денеска на покана на министерот и градоначалникот Кирил Пецаков бев во Охрид, да дадам и јас лично поддршка на проектот кој го најавија. Тоа ќе биде еден од приоритетите на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Станува збор за простор на СВР Охрид кој ќе се стави во функција на општина Охрид или ќе биде надземно убав парк, а подземно катна гаража.Ценам дека треба да се слушаат потребите на граѓаните, треба да се слушаат потребите на тие кои се избрани од граѓаните. Ценам дека на овој начин ќе се овозможи еден поголем комфор во рамките на градското централно подрачје во Охрид во оној дел каде што е туристичка зона и дека како држава треба да поддржуваме проекти кои ќе значат додадена вредност за средините во кои се прават, рече Мицковски.
-Дислокација на СВР Охрид во нов објект кој треба да се реконструира, а на местото на постоечкиот објект, да биде изграден подземен паркинг и парк кој ќе биде уште едно место за рекреација на граѓаните на Охрид.
Во тој контекст денеска заедно со градоначалникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден премиер, Христијан Мицкоски на лице место му ја презентиравме замислата за овој проект, а за чија реализација несомнено ќе треба поддршка од идната Влада.