Наградениот филм на Пиперкоски достапен на Јутуб

Наградениот фил „Матасари“ на охриѓанецот Илија Пиперкоски од 2012 година од денес достапен на YouTube.


Филмот „Матасари“ на младиот охридски режисер Илија Пиперкоски, кој во 2012. година ја освои првата награда на Фестивалот за кратки филмови „Тајмшорт“ што се одржа во романскиот град Темишвар, од денес достапен на YouTube.

– Ова е само почеток на серијата мои авторски филмови кои ќе бидат објавени на YouTube, како најава за мојот најнов игран филм „Дедо и внук“ кој се очекува премиера да има за скоро време, вели Пиперкоски.

Сите заинтересирани филмот Матасари, можат да го погледнат на каналот Јутуб:

„Матасари“
А беше само една обична вечер во Букурешт…
И тогаш, пропаст…

За предавството, бурниот живот на младите луѓе во Букурешт, кои под влијание на алкохол, дроги, не размислуваат рационално, туку водени од инстинкти и нагони го живеат својот секојдневен живот полн со страсти и гревови, се’ до моментот кога нема простор и време за да се вратат назад и да си ги поправат своите постапки, грешки, искажани зборови.
Човек никогаш не може толку да си го упропасти животот кога сака да го поправи, а не знае ни зошто ни како да го поправи, ниту знае дали тоа е поправување или расипување, особено ако го изгуби својот мир.
Во филмот луѓето го добиваат тоа што треба да го добијат, што не е секогаш она што го заслужуваат.
И затоа:

I drank some whiskey before I left home. I’m walking to their place and can’t stop thinking about it. I smoked a pack of cigarettes and 3 joints today. I drank on the bus without even being aware. I take some k at their place. It will make me feel like hell. I feel like punching her in her bitch face. She keeps pretending nothing happened. At Oana’s, I drink two beers and avoid her as much as I can; her
holier-than-thou smile makes me sick, I feel like smashing her face in. Somebody gives me a pill and I walk out of the house. I don’t belong here anymore.

 

Social profiles