Најголем дефицит на стручен кадар има во секторот угостителство. На лицата кои завршиле туризам или угостителство им недостига пракса.
Работодавците бараат професионалци , а не вложуваат во доусовршување на својот кадар и им даваат ниски плати.
-„Од една страна имаме дефицитарни кадри а о друга страна имаме ниски плати. Треба да се зголемат платите, мегутоа да се зголемат и сите вештини и знаења кои ќе ги поседуваат тие кадри с цел да одговоарат на потребите денешни современи“, вели Ангела Крстаноска професор на ФТУ Охрид.
Угостителите од Охрид и Струга се жалат дека тешко наоѓаат кадар особено во сезона кога имаат зголемен обем на работа.
-„Сите некако угостителството го доживуваат како некое преодно место за вработување додека не најдат некоја условно речено „вистинска работа“ додека наите стремежи се кон тоа таквото гледање да се исправат работите и да се подигне самодовербата и дигнитетот на вработените на повисоко ниво“, вели Михаил Мишев претседател на угостителски еснаф.
Голем дел од стручните кадри во потрага по подобар живот ја напуштаат земјава и сезонски работат по туристичките места во Бугарија, Хрватска и Црна Гора.
-„ Најважно од се е да се има некакви перспективи за оние кои што влегуваат на работа во овој сектор да останат овде и да живеат овде но 100% се согласувам кога велите дека добра работа треба добро да се плати“, вели Бенџамин Мор ГИЗ (Германската техничка развојна помош).
За подобрување на состојбата на пазарот на трудот во туристичкиот сектор преку обуки 221 лице од Македонија и Косово се стекнаа со сертификати за бармени, готвачи, келнери, пекари и баристи . Со новите вештини и знаење целта е полесно ќе дојдат до вработување.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ