Охрид ќе игра за Јане, детето кое сонува да застане на свои нозе и да биде фудбалер.
Јане Велкоски од Скопје има девет години, тој е едно од ретките деца кои боледуваат од спинална мускулна атрофија.
Неговата желба е да прооди и да стане фудбалер како Роналдо. Јане чека и се надева дека државата ќе му го обезеди новиот лек „спинраза“, кој е многу скап, и до 100.000 евра по терапија. Годишно се потребни пет терапии, односно 500.000 евра на годишно ниво. Оваа цена е само за првата година, а за сите наредни се преполовува и ќе изнесува по 250.000 евра годишно.

Но и покрај болеста, Јане не прастанува да сонува да биде фудбалер.Тој и во количка игра фудбал, нашиот Јане е весело и интелигентно момче, кој својата количка ја вика формула која му овозможува да трча и да биде најбрз меѓу другарчињата.
Охрид е хуман град. За помош на Јане се организира хуманитарен турнир во ракомет и мал фудбал „Сите играме за Јане“.

Јане Велковски, нашиот голем херој, ќе брани за ФК „Охрид Топ Тим“. Членови од клубот „Лихнидос“ ќе играат против тимот на Општина Охрид, а судии ќе бидат Томислав Тунтев, Живка Ангелоска, Кирил Пецаков и Дејан Пановски.
Турнирот ќе се одржи на 10-ти декември, во Спортската сала „Билјанини извори“.
