Иако во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената се испраќаат пораки за почит и еднаквост, викендов во Охрид беа регистрирани два случаи на насилство, што уште еднаш потсетува дека семејното насилство сè уште е сериозен општествен проблем.
Според информациите од полицијата, на 07.03.2026 во 18:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.Б. (39) од истото село. Тој бил пријавен дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и ја нападнал со пластичен предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, во 13:53 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во апартман на улицата „11 Октомври“ во Охрид, лицето К.Х. од Албанија физички ја нападнал Д.А.С. (26) од Чиле. По документирање на случајот, и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Овие случаи уште еднаш укажуваат дека семејното и родово базираното насилство останува присутно во општеството, а институциите апелираат ваквите случаи навремено да се пријавуваат.
