Започнаа активности за целосно уредување на улиците во населбата Бараки во Охрид, со што овој дел од градот треба да добие поуреден и побезбеден изглед.
Со проектот се предвидува подобрување на инфраструктурата и уредување на улиците, со цел да се подобрат условите за живот на жителите во населбата. Надлежните посочуваат дека со овие активности се работи на постепено унапредување на урбаната инфраструктура во повеќе делови од градот.
- Посветено работиме на подобрување на инфраструктурата за побезбеден и полесен сообраќај за сите граѓани. Продолжуваме со исто темпо и во наредниот период, вели ргадоначалникот Пецаков.
Акцијата е дел од пошироките напори за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање пофункционални улици за граѓаните.
