Напад врз домот на полицаец од Охрид

Ноќеска е нападнат домот на полицаец СВР Охрид.

Ноќеска во 03 часот и 10 минути е нападнат домот на полицаец од Охрид, вработен во полициската станица во Охрид. Според полициското соопштение, на 14.10.2017 година во 03,10 часот во Охрид во дворното место на куќата на полициски службеник од Полициска станица Охрид, засега непознат/и сторител/и фрлил/е две запалени шишиња со непозната течност, со што е причинета незначителна материјална штета. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, соопшти дека извршен е увид и дека Секторот за внатрешни работи Охрид превзема мерки за расчистување на случајот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани