Нападнал полицајци за да не биде апсен

Жител од Долно Коњско се втурнал во полицајците а тие го „наградиле“ со кривична.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Т.(40) од охридското село Долно Коњско.
-Пријавениот, казненото дело го сторил на десетти минатиот месец околу 21 часот и 30 минути во селото, откако предизвикал и учествувал во нарушување на јавниот ред и мир и тепачка со жител од селото. Откако на местото на настанот пристигнале полициски службеници,тој започнал бурно да реагира а потоа се втурнал кон нив спречувајќи ги да преземат неопходните законски службени дејствија, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани