Настава со физичко присуство само во дел од охридските села

Според извештајот од Комисијата усвоен од Владата, се дозволува настава со физичко присуство во подрачните училишта на ОУ „Ванчо Николески“ во селата Косел и Куратица, како и на централниот објект на ОУ „Наум Охридски“ во село Пештани и подрачните училишта во Елшани, Коњско и Трпејца.

Делумна согласност за организирање на настава со физичко присуство доби ОМУ „Методи Патчев“. Комисијата даде согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците од прво до деветто одделение, со подготвен план од училиштето само за индивидуална настава за избраниот инструмен, со согласност на родителот и со почитување на заштитните епидемиолошки мерки пропишани во протоколот за настава со физичко присуство.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани